Луксузно одморалиште во срцето на Атланскиот Океан

Луксузно одморалиште во срцето на Атланскиот Океан

Спектакуларниот White Exclusive Suites & Villas не само што нуди се што е потребно за убав одмор, туку и многу повеќе од тоа. Ова феноменално одморалиште се наоѓа на португалските острови Азорес, кои инаку се сметаат за една од најдобрите дестинации за одмор во светот.

Сместен во срцето на Атланскиот океан, Азорес архипелагот и натаму е недопрен рај, каде посетителите можат да уживаат во набљудување на китови, пешачење по вулкански карпи и спуштање низ водопади. Поврзувањето со природата не може да звучи подобро!

Осморалиштето во својата понуда има само десет луксузни апартмани, а се наоѓа во јужниот дел на островот Sao Miguel. Ентериерот со прекрасни детали од дрво, погледот на океанот и извонредната понуда на вина и свежа морска храна, идеална можност за оние кои сакаат да побегнат од се. Но, се разбира, само за оние кои можат да платат за тоа бегство.