Луксузната Casa Gomez

Луксузната Casa Gomez

Футуристичкиот дизајн на вилата „Casa Gomez“ ја комбинира љубовта кон современите облици со комфорот на разнобојниот ентериер и отворениот простор.

„Sergio Orduna Architects“, попознати како „SO Studio“, се заслужни за дизајнот на овој дом, кој е исполнет со уметност, скулптури и прилагодени елементи на дизајнот, креирани специјално за овој проект.

Материјалите и текстурата биле клуч на креирањето на овој необичен ентериер и екстериер. Очигледните бетонски ѕидови, гранитните и дрвени подови се поврзани со стакло, додека „Bisazza“ мозаичките акценти и големите црвени скалила се тука за да бидат баланс на целокупниот изглед.

Оваа луксузна вила се наоѓа во Мексико, а ги користи методите на деконструкционизмот како средство за поврзување на надворешноста со внатрешноста, како и манипулација со модерната архитектура.

Овие делови на елементите на архитектурата дозволуваат ентериерот и екстериерот да бидат поврзани визуелно.