Луксузна резиденција во Мексико

Луксузна резиденција во Мексико

Оваа прекрасна куќа во обликот Y, се наоѓа во малото гратче во Мексико, Сан Луис Потоси…

Внатрешноста нуди прекрасен амбиент во кој ќе се чувствуате релаксирано и ќе бидете далеку од динамичниот начин на живот. Куќата е опкружена со цврст ѕид од тули и има мала отворена џакузи бања за опуштање. Целиот проект е заслуга на архитектонското студио „Групо Волта“, таа е една од најубавите дизајнирани куќи во овој дел од Мексико.

Куќата е пространа и транспарентна, нејзината поставеност е прекрасна, односно во неа сончевите зраци се достапни од подот до таванот.

Елегантна, модерна и луксузна, со модерни парчиња на мебел, дневната соба е со едно стакло одвоена од терасата. Таа е украсена со прекрасен облик на метални лустери во форма на меурчиња кои висат од плафонот. Дневната соба е сместена во еден од аглите на куќата и во неа сонцето е присутно во текот на целиот ден.

Внатрешноста е дизајнирана според вкусот на богатите, во оваа куќа има парчиња мебел од познати марки, уметнички дела кои чинат стотици американски долари, декоративни лустери, специфично креиран мебел кој одговара на комплетниот дизајн.

Погледнете го ова луксузно катче…