Луксуз спакуван во 34 квадрати

Луксуз спакуван во 34 квадрати

Со одлична разработка на функцијата на просторот и храбро користење на различни материјали, креиран е овој атрактивен ентериер.

Архитектот Макс Касимов е проектантот потпишан за овој луксузен ентериер на апартман од 34 метри квадратни во Москва.

Иако со мали димензии, покрај кујната и бањата, сместен е и дневен престој кој всушност е и спална.

Оваа комбинација на функции во еден простор е интересно изведен: со употреба на различни материјали а во исто време с комплементарни примероци јасно е издвоен блокот за спиење од делот за седење.

За вака мал стан кујната е потенцирана со несразмерна големина према останатите области, па така во неа има место и за трпезариска маса за две лица.