Лукас Моура влезе во историјата на ЛШ!

Лукас Моура влезе во историјата на ЛШ!

Бразилскиот репрезентативец Лукас Моура уште долго ќе биде главна тема во европскиот фудбал по хет-трикот што го постигна во дуелот со Ајакс.

Но, освен тоа, тој од денеска е запишан во историјата на Лигата на шампионите како стрелец на најдоцниот гол за пласман во следна фаза. Тој погоди на почетокот од 96. минута за еуфорија која долго ќе се памети.

Има уште. Бразилецот е само петти фудбалер кој постигнал хет-трик во полуфинале од Лигата на шампионите. Пред него тоа им успеало само на Алесандро дел Пјеро, Ивица Олиќ, Роберт Левандовски и Кристијано Роналдо.