Лука Циндриќ е меѓу петте номинирани за признанието за најдобар ракометар во светот

Лука Циндриќ е меѓу петте номинирани за признанието за најдобар ракометар во светот

Лука Циндриќ е меѓу петте номинирани за признанието за најдобар ракометар во светот за 2017 година.

Хрватскиот репрезентативец беше еден од хероите на црвено-црните во походот кон титулата во Лигата на шампионите откако го постигна победничкиот гол во полуфиналето против Барселона. И оваа сезона тој е меѓу најдобрите во елитното натпреварување во кое Вардар уште нема пораз. Циндриќ веќе беше избран за најдобар ракометар во Европа за 2017 година во изборот на ЕХФ.

Покрај него, во конкуренција за ласкавата награда се уште Сандер Сагосен, Никола Карабатиќ, Домагој Дувњак и Анди Шмид.

Познати се и кандидатките за најдобра ракометарка во светот за 2017 година. Меѓу номинираните се Норе Мерк, Стине Бредал Офтедал, Кристина Неагу, Исабел Гулден и Нике Грот.