Лука Јовиќ го напушта Реал Мадрид

Лука Јовиќ го напушта Реал Мадрид

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ наскоро би можел да го напушти Реал Мадрид затоа што не ги оправдал очекувањата на управата.

Според шпанските медиуми, негова следна дестинација би можела да биде Англија, односно екипата на Арсенал.

Реал Мадрид планира да го понуди Јовиќ плус пари за да го добие напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг.

Јовиќ за „кралевите“ одигра 11 натпревари и постигна само еден гол, но преселбата во Арсенал за него би можело да биде добар потег, а очигледно против тоа немаат ништо ниту навивачите.

Англичаните веруваат дека Јовиќ има што да покаже и ќе биде интересно да видиме како ќе се реши целата ситуација.