Лука Дончиќ продолжува да изненадува во НБА

Лука Дончиќ продолжува да изненадува во НБА

Словенија не успеа да се квалификува на Светското првенство во Кина, а од другата страна на Атлантикот, Лука Дончиќ не престанува да го изненадува кошаркарскиот свет на НБА.

Тинејџерскиот дебитант во НБА успеа да направи нешто што ретко на кого му успеало – двапати по ред да го блокира кралот Леброн Џејмс и покрај слабата партија и поразот на Далас маверикс од 114:103 во кој имаше шест поени со 2/13 учинок од поле и пет неуспешни обиди за тројка.

Леброн на крајот заврши со 28 поени, Брендон Инграм додаде 19 за Лејкерси да се вратат од двоцифрена негатива во во првото полувреме и на Маверикс да им го нанесат првиот пораз по три натпревари.