Лук Шо проговоре за сериозната повреда што ја претрпе пред три години

Лук Шо проговоре за сериозната повреда што ја претрпе пред три години

Лук Шо пред три години претрпе сериозна повреда на ногата за време на дуелот против ПСВ Ајндховен.

Дефанзивецот на Црвените Ѓаволи настрада во дуелот со Хектор Морено и заработи двојна фрактура, по што му беше потребна цела една година за да се врати на фудбалските терени.

Бев многу блиску до губење на ногата. Тоа не го знаев на почетокот и докторите ми кажаа шест месеци после повредата – открива Лук Шо и додава:

Кога се случи повредата, сакаа веднаш да ме пренесат во Англија. Да го стореа тоа, веројатно ќе ја загубев ногата поради згрутчување на крвта. Сега имам две дополнителни лузни на ногата каде што мораа да ме сечат за да го решат тој проблем – изјави Лук Шо.