Луис Хамилтон со уште една победа во Муџело, Италија

Луис Хамилтон со уште една победа во Муџело, Италија

Луис Хамилтон победи на најчудната трка во формула 1 во последните десеттина години, а траеше долго и имаше дури три прекини поради инциденти на патеката.

Британецот не дозволи да му се поремети ритамот со долгото траење на трката во Муџело, за Големата награда на Италија и победи убедливо.

Зад него на подиумот се искачи Валери Ботас, како второпласиран, а трет трката ја заврши Албон, што е прв подиум за него сезонава.

Вистински калабалак се случи на самиот старт на Ф1 трката во Муџело, за Големата награда на Тоскана, а најмногу во судирот на патеката настрадаа Ферстапен и Гасли.

Ударот беше жесток, но за среќа немаше последици по пилотите на патеката, а веднаш трката беше прекината со помош на безбедносното возило.

Само што продолжи трката имаше уште еден потежок инцидент, а пилотите еден по еден се откажуваа, па трката ја завршија дамо дванаесетмина возачи.

Ленс Строл заврши во заштитната ограда крај патеката во Муџело, а трката за Големата награда на Тоскана и по третпат беше прекината.

Строл изгуби контрола над возилото и мораше предвреме да ја заврши трката. Новиот инцидент се случи во 44 круг од вкупно 59, а трката потоа продолжи со помирен тек и со нова победа на Луис Хамилтон.

Британецот ја прокнижи седмата победа сезонава и вкупно 90. во кариерата.