Луис Хамилтон победник во трката на Штаерска

Луис Хамилтон победник во трката на Штаерска

Луис Хамилтон е победник во трката за Големата награда на Штаерска, втора во годинешниот шампионат.

За разлика од минатиот викенд на истото место, кога беше четврти, Хамилтон сега беше во првите редови на трката од почеток до крај, со исклучителни неколку круга кога мораше да влезе во бокс.

Успехот на Мерцедес на оваа трка беше целосен, бидејќи второто место му припадна на вториот возач на оваа екипа, Валтери Ботас, додека трет беше Макс Верстапен од Ред Бул.