Луис Хамилтон е новото заштитно лице на брендот “Tommy Hilfiger”

Луис Хамилтон е новото заштитно лице на брендот “Tommy Hilfiger”

Луис Хамилтон, едно од најзначајните спортски имиња на денешницата, од оваа пролет ќе го претставува глобалниот моден бренд “Tommy Hilfiger”.

Брендот најави дека британскиот возач на Формула 1 и четирикратен светски шампион, Луис Хамилтон, ќе биде новото заштитно лице на машката линија, вклучувајќи ги “Hilfiger Collection”, “Tommy Hilfiger Tailored” и “Tommy Hilfiger Menswear, Underwear и Swimwear”.

“Отсекогаш сум се воодушевувал на неговата неверојатна издржливост во текот на трките, како и единствениот стил на возење, што оди во прилог на новата генерација на момците на Hilfiger”, изјавил самиот Томи.

“Својата неверојатна кариера ја изгради како возач со голема страст, посветеност и исклучително тешка работа – вредности кои ги присвоив, градејќи го овој бренд. Веќе соработуваме со Формула 1, а ова партнерство го градиме на нашето наследство, богато со колаборации, овој пат со светот на мото спортот”.

Машката пролетна колекција на “Tommy Hilfiger” ја слави дизајнерската љубов кон мото спортот и доведува до фузија помеѓу брзината и ретро носталгијата. Целата линија има типично тркачки дезени и смели бои, која во потполност одговара на современите модни трендови.

“Дизајнот на колекцијата ме инспирираше да бидам смел во осмислување на моите комбинации кои ги носам надвор од патеките на Формула 1, на начин преку кој слободно ја изразувам мојата креативност и еклектичен стил со голема доза на самодоверба”, изјавил Хамилтон.