Луис Хамилтон е најбогатиот спортист во Велика Британија

Луис Хамилтон е најбогатиот спортист во Велика Британија

Луис Хамилтон, шесткратниот светски шампион во Формула 1 е најбогатиот спортист во Велика Британија во последните 32 години.

На пописот за најбогат спортист за 2020. година во Велика Британија кој го објави “Sunday Times”, 35 годишниот Хамилтон го зазема првото место. Богатството на возачот во Формула 1 изнесува 224 милиони фунти, што е за 37 милиони повеќе од претходната година.

Хамилтон, кој живее во Монако, има договор со тимот на Мерцедес вреден 40 милиони годишно, вклучувајќи бонуси и уште некои спонзорски договори.

Британскиот возач на листата го помина поранешниот англиски фудбалер и играч на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам чие богатство во моментот кога се повлече од активниот фудбал изнесуваше 200 милиони фунти и тогаш беше најбогатиот британски спортист.

На листата од најбогати се наоѓаа уште и Герет Бејл со 114 милиони фунти и боксерот Ентони Џошуа со 107 милиони.