Луис Хамилтон е казнет со преместување на пет позиции

Луис Хамилтон е казнет со преместување на пет позиции

Луис Хамилтон е казнет со преместување на пет позиции од оној на пласманот обезбеден во квалификациите за трката за Големата награда на Бахреин.

Казната за возачот на Мерцедес е бидејќи неговиот тим изврши замени на погонската единица.

Имавме дефект на хидрауликата во Мелбурн и сме среќни што воопшто ја завршивме трката. За жал, не успеавме да го поправиме, е објавено во соопштението на Мерцедес.

Хамилтон трката во Мелбурн ја заврши на второто место зад Себастијан Фетел од Ферари.