Луис Фонси пристигнува во Белград

Луис Фонси пристигнува во Белград
Луис Фонси, сопственик на еден од најголемите хитови оваа година и најгледан видео запис на YouTube наречен Деспасито, на 24 ноември пристигнува во Белград.

Ова е еден од настапите во рамките на турнејата Love+Dance, на која настапува низ цел свет.

Деспасито е глобален музички феномен, кој Фонси го сними заедно со раперот Деди Јенки, кој е објавен во јануари, а прегледан е на YouTube скоро четири милијарди пати.

Песната стана број еден во скоро сите земји и го одбележи летото, но и цела 2017 година.

На хитот гостуваше и Џастин Бибер, благодарејќи на кој Фонси се најде на прво место и на американските листи на синглови.