Љубов повеќе од 35 години, славниот пар сеуште неразделен!

Љубов повеќе од 35 години, славниот пар сеуште неразделен!

Талентираниот актер Дензел Вашингтон е веќе 35 години во брак со актерката Полета Вашингтон.

Нивниот брак не само што е еден од најдолгите бракови во Холивуд, туку е и навистина успешен. Иако досега некои гласини пробаа да застанат на патот на нивната слога, познатиот брачен пар успеал да ја сочува сликата на успешно и среќно семејство.

Дензел и Полета се запознале во 1977 година, на снимањето на филмот “Wilma”. Во јуни 1983 година, парот го изговорил судбоносното “да”, а љубовта ја крунисале со дури четири деца – 30-годишниот Џон Дејвид, 27-годишната Катја и 13-годишните близнаци Оливија и Малком.

Во 1995 година, парот ги обновил своите брачни завети во јужна Африка, а без оглед на сите гласини кои се појавувале во текот на годините, Полета одлучно стоела покрај својот сопруг.

“Тој е секс симбол. Кога сме заедно, жените ме туркаат и прескокнуваат само за да дојдат до него. Тој дел воопшто не е симпатичен. Тој во мене ја има сета потребна стабилност, тоа ми дава сила”, изјавила Полета во една прилика.

Во разговор со Опра Винфри, Дензел еднаш изјавил: “Луѓето лажат кога велат дека веднаш знаеле за своите партнери дека тие се вистинските за нив. Тоа е маратон, а не спринт”.

“Не знам дали шоу бизнисот има монопол над разводите. Мислам дека секој мора да работи на својот однос и да не крене раце од другиот. Мора да бидете посветени. Не секогаш ќе се чувствувате како што сте се чувствувале на медениот месец и таквото чувство нема да трае засекогаш доколку не работите на тоа. Најважно е да бидете најдобри пријатели, тоа секогаш помага”, изјавил актерот во едно шоу.

“Таа го заврши најтешкиот дел од работата. Беше константна, таа ми даваше секојдневни инструкции и се грижеше за децата додека јас работев”, ја фалел Дензел својата сопруга.