Лотус ќе го претстави електричниот хиперавтомобил во вредност од 2,6 милиони долари

Лотус ќе го претстави електричниот хиперавтомобил во вредност од 2,6 милиони долари

Сите нови модели на брендот Лотус биле претставени како специјални изданија базирани на постоечки производи, но со оглед на тоа дека кинескиот бренд Geely поседува поголем дел во Лотус компанијата, на сите страни кружат гласини дека тие всушност ќе го освежат старото поставување, заедно со додавањето на нови модели. Станува збор за SUV Lotus моделот.

Сепак, засега имаме информации дека Лотус работи на комплетно елктричен хиперавтомобил во вредност од 2.6 милиони долари, кој секако ќе биде креиран во исклучително ограничени броеви. Geely го поседува Polestar брендот кој веќе развива таква технологија со високи перформанси, а кинеската компанија тоа секако може да го искористи како своја предност.

Иако деталите за овој проект прилично не се доволно познати и се скромни засега, електричниот хиперавтомобил Лотус ќе биде најбрзиот, најскапиот и најрадикалниот модел кој оваа компанија го креираше за време на својата 70 години долга историја.

Проектот кој доби кодно име Омега, се очекува да дебитира следната година, додека за производната верзија ќе мора да почекаме уште малку. Повеќе милионската цена го става овој модел во истата лига со Bugatti Chiron и Rimac C_Two, како и Pininfarina PF0 кој сега ќе се појави.

Гласините исто така ни велат дека Geely ќе вложи дури две милијарди долари за да го редизајнира Лотус во претстојните години, а дека овој електричен автомобил е дел од голем план.