Лоти Мос, сестрата на Кејт Мос позираше топлес и го запали целиот Инстаграм!

Лоти Мос, сестрата на Кејт Мос позираше топлес и го запали целиот Инстаграм!

Помалата сестра на британската модна икона Кејт Мос, Лоти предизвикала вистинска бура на социјалните мрежи.

Имено, 20-годишната манекенка отпатувала во потоплите краеви каде одлучила да сподели  еден мал дел од патувањата со своите следбеници. Лоти моментално ужива на песочните плажи на Барбадос, а колку им се препуштила на морските бранови и сонцето зборува и фотографијата на која таа позира топлес. На себе има само минијатурни танга-бикини, а лицето го прекрила со рацете.

“Го прекривам лицето бидејќи премногу открива”, напишала Лоти во описот од фотографијата. И додека едни ѝ ласкаат дека таа е најзгодната жена на светот, други ја критикуваат бидејќи како што велат тие, таа нема ниту малку срам.

“Колку треба да бидеш јаден и патетичен за да се фотографираш на овој начин? Ќе бидеш полоша и од сестра ти. Случајно ја видов оваа фотографија и само ќе прашам “Имаат ли овие девојки родители кои им ги контролираат социјалните мрежи?”, е еден од коментарите под објавата.