“Lost” повторно на малите екрани?!

“Lost” повторно на малите екрани?!

Кери Бурке, претседателка на “ABC Entertainment” се надева дека една од најпопуларните драмски ТВ серии “Изгубени” (Lost) ќе се врати на малите екрани.

Девет години откако беше емитувана последната епизода од серијата, Бурке признала дека сонува за нејзино враќање и пројавила голем интерес за “рибут” на оваа серија. Сепак, нагласила дека ништо не е сигурно и дека сѐ уште не се објавени официјалните разговори со Џ.Џ. Ејбрамс кој го напиша сценариото за “Изгубени”.

“Буквално сонувам само за тоа кога ќе легнам во кревет. Ништо не е сигурно. Можеби еден ден”, изјавила Кери за “The Hollywood Reporter”.

Доколку навистина се оствари желбата на Бурке, фановите би можеле да бидат разочарани бидејќи актерите Карлтон Кјуз и Дејмон Линделоф претходно изјавиле дека немаат намера повторно да работат на овој проект.

Прикажувањето на популарната ТВ серија започна во септември 2004 година. Серијата имаше шест сезони и 121 епизода, а последната беше прикажана во 2010 година. “Изгубени” ги следеше животите на различни групи и луѓе, првенствено преживеани патници чиј авион се срушил на мистериозен тропски остров некаде во јужниот Пацифик. Секоја епизода е карактеристична по тоа што следи одреден лик од серијата во две одвоени приказни: приказна која се случува на островот и приказна која се случува во некое друго време (пред доаѓањето на островот, по заминувањето од островот или на самиот остров во некое друго време), а која е значајна за карактеризација на ликот.