Лоренцо ја прекинува пензијата и ќе вози во Каталонија

Лоренцо ја прекинува пензијата и ќе вози во Каталонија

Шпанскиот возач Хорхе Лоренцо замина во пензија и стана тест возач за екипата на Јамаха. 

Трикратниот светски првак ги направи првите тестови со новиот мотоцикл Јамаха М1. Шокантна информација пренесуваат италијанските медиуми кои сметаат дека тој ќе ја искористи „вајлд-картата“ за да учествува на трката во Каталонија.

Од неодамна започнаа шпекулации дека Лоренцо набрзо би можел да му се врати на Мото ГП шампионатот. Наводно, возачот од Мајорка е заинтересиран за преселба во тимот на Јамаха Петронас, а таму друштво би му правел Валентино Роси.

Фабио Квартараро ќе биде замената за „докторот“ во Јамаха од 2021 година, па тоа ќе го натера Италијанецот да бара нова екипа.

Не би било чудно, барем не во очите на италијанските медиуми, тој одново да ги здружи силите со Лоренцо.