Лонгорија ќе одгледа феминистички син: „На светот му требаат добри мажи“

Лонгорија ќе одгледа феминистички син: „На светот му требаат добри мажи“

Мојот син ќе биде опкружен со многу силни, образувани и моќни жени и мислам дека е важно да види такви примери во својот живот за да знае да ги поддржи во иднина, напиша Ева Лонгорија на социјалните мрежи, среќна што ќе добиела син.

Таа од 2016 година е во брак со Хосе Бастон, сопственик на најголемата медиумска компанија во Латинска Америка. Лонгорија се уште не избрала име за синот, но објаснила дека таа и сопругот ќе се одлучат за традиционлано име поврзано со нивното мексиканско потекло. Ова ќе и биде прво биолошко дете на Ева Лонгорија.