“Lonely Together” во изведба на Авичи и Рита Ора!

“Lonely Together” во изведба на Авичи и Рита Ора!

Авичи и Рита Ора освоија бројни симпатии од публиката со новиот емоционален видеоспот за песната “Lonely Together”.

Новата песна на двајцата успешни артисти исто така бележи голема слушаност на сите интернет музички платформи.

Имено, додека во видеоспотот атрактивната Рита пее во ходникот, се прикажани кадри во кои љубовен пар се шета низ свет во кој сите ликови се замрзнати. Тие прават селфи, трчаат низ градскиот карневал, танцуваат на сцена на која танцуваат балерини и на крајот водат љубов, фрлајќи боја еден врз друг.

“Замислете како би изгледал еден ваш ден во замрзнат свет. Што би правеле кога би можеле да ги замрзнете сите луѓе? За мене, ова претставува голема чест што имав можност да креирам таков свет за Авичи и Рита Ора”, вели режисерот на спотот, Леван Цикуришвили.

Песната “Lonely Together” е објавена кон почетокот на август оваа година. Според мислењето на публиката, песната е посебна, а Рита повторно ги покажала своите импресивни вокални способности.

Светски популарниот DJ и продуцент Авичи, со оваа песна го најави своето враќање на сцената по долгата пауза поради здравствени проблеми. Покрај соработката со Рита, на новиот албум на Авичи се појавуваат разни музичари како што се Били Рафул, Сандро Каваза и електронското дуо АлунаЏорџ.