Ливерпул без Чембрлејн во претстојната сезона

Ливерпул без Чембрлејн во претстојната сезона

Новата натпреварувачка сезона во фудбал е се поблиску, а екипите макотрпно се подготвуваат за новите предизвици.

Во најлош момент за Јирген Клоп и Ливерпул, дојде веста за повредата на Алекс Окслејд Чембрлејн.

Окслејд Чембрлејн се повреди уште пред почетокот на Мундијалот, кога заработи повеќекратна скршеница на лигаментите од дуелот во ЛШ против Рома, но сега доаѓаат уште полоши резултати.

Сега е време да известиме дека Окс ќе ја пропушти цела идна сезона – порача Јирген Клоп на официјалната страница на клубот од Енфилд.

Тој не се опорави доволно за да може да биде фит во новата сезона, па дополнително ќе биде отсутен цела идна сезона, што е разочарувачки за англискиот фудбалер