Лионел Меси: Живеам нормален живот

Лионел Меси: Живеам нормален живот

Лионел Меси пред себе има уште неколку сезони во Барселона, по што ќе се врати во Аргентина во екипата на Њувел Олд Бојс каде што ќе ја заврши својата кариера.

Најдобриот фудбалер на Барселона призна дека полека започнува да размислува за тоа со што ќе се занимава кога ќе се пензионира како професионален фудбалер. Сепак, тој нагласи дека најверојатно нема да заплови во тренерските води.

Па, едноставно не верувам дека имам чувство за тренерската работа. Веројатно тоа нема да го работам, но сепак имам време за да се премислам. За фудбалот ретко зборувам со семејството, а зборувам само кога нешто драстично ќе се случи во клубот или во репрезентацијата – изјави Лионел Меси и додаде:

Живееме нормален живот и вистина е дека понекогаш посакувам да не сум толку познат и да можам нормално да се движам – изјави Лионел Меси.