Лионел Меси заработува огромна сума на пари годишно

Лионел Меси заработува огромна сума на пари годишно

Најдобриот светски фудбалер, Лионел Меси, освојувач на шест „златни топки“ е убедливо најплатениот светски фудбалер, кој месечно чини неверојатни 8,3 милиони евра бруто, што е за скоро четири милиони евра повеќе од својот најголем ривал Кристијано Роналдо, објави најугледниот светски спортски весник „Л’Екип“.

Меси заработува неверојатна месечна плата, која на бруто основа е речиси еднаква на еден цел годишен буџет на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), која низ годиниве трошеше за „развој на фудбалот“ помеѓу седум и десет милиони евра (лани имаа скоро 8,5 милиони евра).

Кристијано Роналдо е втор на листата и Јувентус го чини на бруто основа 4,5 милиони евра, а Нејмар, најскапиот светски фудбалер за чиј трансфер беа платени 222 милиони евра, заработува во Пари Сен Жермен – три милиони евра месечно. Толкава сума на пари добиваат и Луис Суарез и Ентоан Гризман, двоецот на Барселона, додека Герет Бејл и Еден Азар во Реал Мадрид имаат по 2,5 милиони евра месечна бруто плата.

Во „топ десет“ се уште и Фелипе Кутињо, кој моментно игра на заем во Баерн Минхен со 2,3 милиони, Алексис Санчез (на заем во Интер) со 2,28 и Килијан Мбапе со 1,73 милиони евра месечно