Лионел Меси го победи Реал

Лионел Меси го победи Реал

Кој е најдобар фудбалер во историјата, дали Кристијано Роналдо или Лионел Меси?

Аргентинецот ја доби личната битка според бројот на постигнати голови иако приврзаниците на Роналдо му ги бројат трофеите освоени оваа година. Мошне интересна е статистиката од последното Ел Класико.

Лионел Меси буквално го проодел целиот натпревар. Со одење поминал 83,1% од времето, полесно трчал 10,8%, 4,95% трчал нешто побрзо, а само 1,15% од времето бил во полн спринт.

И покрај тоа, го одлучи натпреварот, постигна еден и асистираше за уште еден гол на својот тим.