Лионел Меси бара одмор до Светското првенство во Русија

Лионел Меси бара одмор до Светското првенство во Русија

Лионел Меси побарал од тренерот Ернесто Валверде да не игра на сите натпревари до крајот на сезоната, а причина за ваквото негово барање е неговата желба да има повеќе време за одмор до почетокот на Светското првенство во Русија.

Барселона е на чекор до освојувањето на титулата во Шпанија, в сабота против Севиља ќе се бори за трофејот во Купот, а испаднаа од Лигата на шампионите.

Поради тоа, Меси побарал помалку да игра до крајот на сезоната, објавија шпанските медиуми. Ова значи дека Аргентинецот на некои натпревари нема да биде во тимот, а на одредени мечеви нема да игра 90 минути или ќе влегува во игра од клупата за резервни фудбалери.

Меси сезонава има постигнато 39 гола на 40 одиграни натпревари во сите конкуренции.

Негова голема желба е да ја освои светска титула со Аргентина поради што од наредната недела целосно сака да се насочи кон мундијалот во Русија.