Лингард и Баји му се заблагодарија на тренерот Мурињо

Лингард и Баји му се заблагодарија на тренерот Мурињо

Џеси Лингард прв ја прекрши „тишината“ на фудбалерите на Манчестер јунајтед по отказот за Жозе Мурињо со одлична порака до својот поранешен шеф.

Мурињо беше отпуштен во 9.46 наутро (по англиско време) во вторникот и прв со порака се јави Пол Погба (кој…

Џеси Лингард прв ја прекрши „тишината“ на фудбалерите на Манчестер јунајтед по отказот за Жозе Мурињо со одлична порака до својот поранешен шеф.

Мурињо беше отпуштен во 9:46 наутро (по англиско време) во вторникот и прв со порака се јави Пол Погба (која потоа ја избриша), пред 32 часа подоцна, 26-годишниот Лингард му се заблагодари на Португалецот.

„Ти благодарам за мудроста“, напиша Лингард на Инстаграм и Твитер.

Ерик Баји, кој пред две години дојде во Јунајтед по барање на Мурињо, но во последно време беше под критики на Португалецот, му се приклучи на Лингард во пофалбата за поранешниот шеф.

„Што и да кажат, секогаш ќе му бидам благодарен на човекот кој ми даде шанса да дебитирам на ’Олд Трафорд’. Ти благодарам за тоа што ме научи.Многу среќа, тренеру“, напиша дефанзивецот.