Лионел Меси се враќа во репрезентацијата на Аргентина

Лионел Меси се враќа во репрезентацијата на Аргентина

Лионел Меси, на пријателскиот натпревар против Мароко ќе се врати во репрезентацијата на Аргентина. Националниот сојуз во пресрет на мечот составил листа на услови што мора да бидат исполнети пред, додека натпреварот се игра и по неговото завршување.

Според медиумите Меси ќе игра најмалку 60 минути, нема да биде дозволени фотографирање со еден од најдобрите играчи во светот, а мароканските играчи нема да можат да добијат автограм од Меси.

Исто така нема да биде дозволено менување на дресот.

Пријателскиот натпревар помеѓу Мароко и Аргентина ќе се одигра на 26 март на стадионот Принц Мула Абдула во Рабат.

Дуелот со Мароко ќе биде прв за Меси во националниот тим по елиминацијата на СП од Франција минатото лето.