Лина Ѓорческа ќе игра на ФЕД Купот во Финска

Лина Ѓорческа ќе игра на ФЕД Купот во Финска

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе биде дел од репрезентацијата на Македонија која ќе ја претставува нашата земја на ФЕД Купот кој ќе се игра во Хелсинки, Финска.

Покрај Ѓорческа, боите на Македонија ќе ги бранат уште Магдалена Стоилковска, (1285 на ВТА-листата), како и Ана Ристевска и Александра Симева, кои се без ВТА-ранкинг.

Македонија допрва ќе дознае со кого ќе игра, затоа што ќе падне во „А“ или „Б“ групата, каде чекаат Литванија, односно Кипар.

Покрај Македонија, тука се уште Финска, Малта, Алжир, Косово, Исланд, Камерун и Конго. ФЕД Купот во Финска ќе се игра од 15 до 20 април. Ждрепката за групите е закажана на 14 април од 12:00 часот.