Лијам Пејн е новото заштитно лице на брендот HUGO

Лијам Пејн е новото заштитно лице на брендот HUGO

Брендот “HUGO” официјално објави дека пејачот и поранешен член на групата “One Direction”, Лијам Пејн, е новиот глобален амбасадор на оваа модна куќа.

Летото секако ќе стане уште пожешко бидејќи германскиот бренд го одбрал Пејн како лице за својата “bodywear” кампања која ја направило фотографското дуо, “Mert & Marcus”. Партнерството помеѓу славниот пејач и модниот бренд ќе содржи и капсула колекција.

Разговарајќи за соработката со славниот бренд, Лијам вели:

“Знаев дека, ако правам нешто поврзано со модата, тоа треба да биде со HUGO. Тие дизајнираат облека која сакаат да ја носат момци како мене. За мене, модата во почетокот беше само хоби, но исто така уживам и во креативниот процес”.

Партнерството со британскиот пејач е воедно и прво партнерство од овој тип за HUGO, а креативниот директор Питер Деировски вели:

“Лијам не е само талентиран музичар, тој има одличен стил. Овој тип на партнерство е нешто што претходно не сме го правеле и едвај чекаме на сите да им покажеме што во меѓувреме се случуваше зад сцените”.

View this post on Instagram

Game time

A post shared by Liam Payne (@liampayne) on

View this post on Instagram

#Polaroid

A post shared by Liam Payne (@liampayne) on