Лигата на шампионите е сон на Јувентус

Лигата на шампионите е сон на Јувентус

Масимилијано Алегри зборуваше на конференцијата за медиуми пред натпреварот во Лигата на шампионите кој Јувентус ќе го одигра против Барселона утре.

Првиот пат беше навистина неочекувано, додека вториот навистина се надевавме дека можеме и да го освоиме трофејот. Освојувањето на Лигата на шампионите не може да биде цел, туку сон. За да го оствариш тој сон мораш напорно да работиш – смета Алегри.

Италијанецот потоа зборуваше за промените во тимот кои се случија во лето.

Неколку играчи пристигнаа, клубот се засили, но за да имаме резултати потребно е да бидеме максимално мотивирани. Имаме силна екипа, меѓутоа имаме голем простор за напредок.