LG патентираше телефон со 16 камери

LG патентираше телефон со 16 камери

LG до Американското биро за патенти поднесе барање за патентирање на телефон со 16 сензори на задниот панел, кои се наредени во матрица 4 по 4.

Ваквиот патент на LG е доказ за продолжување на трендот за зголемување на бројот на камери на смартфоните.

Идејата на ова необично решение на LG е одеднаш да бидат снимени различни перспективи на даден објект, но ќе биде можно да се снима и само со еден од сензорите.

Сликите направени во исто време од сите сензори ќе можат да се „раздвижат“, а делови од нив ќе може да бидат заменети со слики кои биле „фатени“ од друг сензор. Исто така ќе може да се комбинираат делови од различни снимки.

Според холандскиот сајт „ЛетсГоДигитал“, кој го обелодени патентот, при уредувањето корисниците ќе можат да ги ротираат објектите во саканата положба. Задниот панел вклучува уште блиц и мало огледало кое се користи за фотографирање на самослик.

Засега е не јасно дали моделот опишан во патентот ќе биде реализиран и ќе стигне до пазарот.