LG го претстави новиот ROLL-UP мобилен телефон

LG го претстави новиот ROLL-UP мобилен телефон

Меѓу најатрактивните презентации на настанот CES 2021, LG Electronics имаше свој претставник …

Преку еден од најзначајните настани на иновативен дизајн и технологија, LG конечно му го претстави на светот еден од најочекуваните мобилни телефони во денешно време. Rollable доаѓа како иновативен мобилен апарат кој се карактеризира со дисплеј кој може да ја зголеми својата дијагонала.

Целосната презентација се случи по неколку помали јавни нагласувања на плановите за создавање ваков производ во текот на изминатите неколку години. Уникатниот променлив дисплеј на телефонот може да се трансформира во големина на обичен паметен таблет со широка дијагонала, со целосно проширување на неговата површина.

Сепак, LG Electronics досега не обезбеди повеќе информации за оваа нова линија, освен што доаѓа како дел од Explorer проектот на компанијата.