Lexus го претстави футуристичкиот концепт LF-30

Lexus го претстави футуристичкиот концепт LF-30

Концептниот LF-30 е несекојдневен и футуристички дизајн, осврнат кон претставување на визијата на брендот кон иднината на своите електрифицирани возила.

Моделот доаѓа со четири електрични мотори, поставени по еден во сите тркала, кои обезбедуваат моќност од 536 коњски сили. Ваквата распределба овозможува одлични карактеристики на ракување, потпомогнати од Lexus Advanced Posture Control технологијата. Автомобилот може да се вози во режим со погон на предните тркала, на сите тркала или само на задните тркала, во зависност од условите на возење.

Футуристичкиот Lexus LF-30 ни дава преглед на свет каде бујните кабли за полнење повеќе не се потребни за е-возилата, бидејќи се одликува со напредна технологија за безжично полнење. Автомобилот исто така доаѓа и со напреден автономен систем за возење кој вклучува функција за самостојно паркирање.