Леванте со нов договор кон Барди!

Леванте со нов договор кон Барди!

Енис Барди повторно ја воодушеви шпанската спортска јаавност со ремек-делото од слободен удар кое го изрежира на мечот со Хетафе, погодок со кој македонскиот репрезентативец му донесе голема победа на Леванте на гостувањето во мадридското предградие.

Резултат со слика за енис барди

Офанзивниот играч за врска понуди уште една мајсторија со својата извонредна техника за изведување прекини и докажа дека е вистински „снајеприст“ од кој почнаа да стравуваат сите голмани во Примера, а само неколку дена по неговиот прв гол во новата сезона, угледниот весник од Валенсија излезе со интересна ексклузива.

Најтиражниот весник во Валенсија, „Супердепорте“ тврди дека Леванте и агентот на Барди ги прецизирале сите детали за ппродолжување на соработката, па во најскоро можно време македонскиот репрезентативец ќе потпише нов договор со клубот од „Сиутат де Валенсија“.

Како што тврди „Супердепорте“, Барди со новиот договор ќе се обврзе на верност до 2022 година, но главна цел на продолжувањето на соработката е „блиндирањето“ на македонскиот репрезентативец чија нова откупна клаузула ќе изнесува 50 милиони евра.