Левандовски и Коман имале физичка пресметка!

Левандовски и Коман имале физичка пресметка!

Роберт Левандовски и Кингсли Коман имале боксерска пресметка на вчерашниот тренинг, соопшти германскиот весник Билд.

Според информациите, Полјакот почнал да го критикува својот помлад соиграч, а неколку моменти подоцна вербалната расправија прераснала во физички дуел. Никлас Зиле и Џером Боатенг биле првите што се обиделе да ги разделат, но не успеале и напомош скокнале другите соиграчи.

По инцидентот тренерот Нико Ковач го продолжил тренингот, а двајцата завојувани фудбалери останале. Од Баерн нема никаква информација за тепачката.