Лепа Брена не знае за модна утка

Лепа Брена не знае за модна утка

Лепа Брена со години важи за една од најпопуларните пејачки во регионот, а од нејзините почетоци до сега пејачката постојано се менува и инвестира во самата себе.

Колку што е постара, таа е толку подобра, а нејзините фанови коментираат дека никогаш не изгледала подобро.

Брена сношти присуствуваше на  забава на магазинот „Hello“, а за оваа прилика облече долга црна тоалета, придружена со масивен накит и мала чанта.На својот Инстаграм, Брена сподели фотографија од центарот на Белград,  а за нејзиниот изглед доби многу комплименти.