Леонардо Дикаприо се ожени?!

Леонардо Дикаприо се ожени?!

 Леонардо Дикаприо, тајно се венчал со својата девојка Камила Мороне. 

Според овие шпекулации, парот се одлучил на овој потег уште пред доделувањето на Оскарите, кое се одржа на 9 февруари.

Причината за нивната тајна венчавка наводно е бременост.

Споменатиот магазин тврди дека свечената церемонија се случила на приватен остров на Бахамите, непосредно пред доделувањата на Оскарите.

„Се обидуваа веста да остане тајна, но сепак одлучија да прослават со неколку колеги. Беше многу, многу забавно, имаше смеење, прегратки, но и солзи радосници“, раскажува анонимен извор за холивудските медиуми, кој додава дека и двајцата се среќни што ќе станат родители.