Лео Ди Каприо донираше еден милион долари помош за жртвите од ураганот Харви!

По примерот на многу познати така и актерот Леонардо ди Каприо,своите еден милион долари ги донираше на жртвите од страшниот ураган кој го зафати Тексас.

Оскаровецот ги донирал парите на нововоспоставената фондација за помош на жртвите и поправка на штетите кои ги предизвика ураганот Харви.

“Благодарни сме на Леонардо и неговата фондација за дарежливоста која ни ја укажаа. Адекватниот одговор на олујата го бара најдоброто од сите нас и токму тоа го претставува оваа донација”, вели директорот на фондацијата Брајан Галахер.

Ди Каприо и претходно донирал пари за помош на жртвите од природни непогоди. Тој во 2004. година дал донација за жртвите од цунамито во Индија, а во 2010. година донирал пари за жртвите од земјотресот на Хаити.

Бијонсе, Елен Деџенерис, Руби Роуз и Сандра Булок исто така донирале пари за помош на жртвите од ураганот кој го потресе САД.

Според последните информации, во овој ураган животот го изгубиле 31 лице.