Лекиќ си оди од Вардар поради Самсоненко!

Лекиќ си оди од Вардар поради Самсоненко!

Екипата на ЖРК Вардар ја има својата последна можноста во оваа група на ракометарки да донесе славје на „црвено-црните“ со оглед на тоа што клубот во следната сезона ќе има сосема поинакви амбиции.

Резултат со слика за андреа лекиќ

Најголемиот дел од ракометарките веќе пронајдоа ангажмани за следната сезона, а во таа група спаѓа и Андреа Лекиќ. Таа заедно со Јованка Радичевиќ и Драгана Цвијиќ се договорија со романски ЦСМ Букурешт. Сега пак во интервју за „Независне новине“ ја откри главната причина за заминувањето од Скопје, односно и соопшти на јавноста дека вадарки во наредната кампања нема да бидат дел од ЛШ.- Првата и основна причина за моето заминување е одлуката на сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко клубот од следната година да не игра повеќе во ЛШ. Женскиот ракомет во Вардар ќе остане на ниво на мали девојчиња. Навистина многу ми е жал, ова е клуб во кој сум веќе скоро пет години што е најдолго во мојата кариера. Ова навистина тешко ми падна. Сепак, мораме да се снајдме, мојата главна амбиција е секоја година да се борам за пехарот во Лигата на шампионите. Затоа го избрав тимот на Букурешт, тим кој е меѓу трите најдобри клубови во Европа, па не ми беше тешко да се одлучам кога дојде понудата, – вели Лекиќ.