Лејди Гага собра 127 милиони долари

Лејди Гага собра 127 милиони долари

 34-годишната пејачка помогна да организира мрежен концерт „One World Together At Home“ на кој учествуваа некои од најпознатите музички sвезди и актери во светот.

Таа напиша: „Ги обожавам сите уметници на #TogetherAtHome. И сите што гледаа, и сите што не или не можеа. Сите сме важни. Ние сме еден свет“.

Настанот вклучуваше настапи на Адам Ламберт, Рита Ора, Бијонсе, Дејвид Бекам, Самуел Л. Џексон, Сер Елтон Џон и Сара Џесика Паркер. И откако беше објавено дека онлајн свирката помогнала да се соберат повеќе од 127 милиони долари, Гага го откри нејзиното чувство за гордост.

„Се чувствувам толку трогната што бев дел од овој проект. Ви благодарам @GlblCtzn. Ви благодарам СЗО. Ве сакам“, напиша таа.

Ѕвездата им се заблагодари на луѓето за нивната поддршка во емотивно видео на Инстаграм.

„Само сакам да знаете дека ова е вистинска љубовна порака за сите вас низ целиот свет“, вели пејачката.