Лејди Гага ја раскина свршувачката

Лејди Гага ја раскина свршувачката

Лејди Гага е повторно сингл. Според релевантни странски медиуми, популарната пејачка и Кристијан Карино ја раскинаа свршувачката.

„Едноставно не успеа. Врските понекогаш завршуваат. Нема долга драматична приказна“ – изјавил анонимен извор за People.

32-годишната музичка ѕвезда и 50-годишниот агент беа во врска од февруари 2017 година. Веста за свршувачката Гага ја потврди во октомври минатата година.

Фановите започнаа да се сомневаат дека Гага и Карино раскинаа, откако таа се појави на доделувањето на наградите Греми без придружник и без вереничкиот прстен на раката.