Лејди Гага и Бредли Купер за првпат ја изведоа во живо „Shallow“

Лејди Гага и Бредли Купер за првпат ја изведоа во живо „Shallow“

Бредли Купер и Лејди Гага за првпат ја изведоа во живо песната „Shallow“, која е дел од саундтракот за нивниот заеднички филм „A Star Is Born“.

За време на еден од концертите на Гага во Лас Вегас, 44-годишниот актер се качи на сцената за изненадна изведба на популарната балада. Додека Купер пееше, 32-годишната музичарка не можеше да си ги задржи солзите.

Фановите не можеа да ја сокријат возбудата поради обединувањето на дуото и ги преплавија социјалните мрежи со видеа и фотографии од Купер и Гага. Се разбира, не изостанаа ниту комплиментите за одличната изведба.