Лејди Гага и Бредли Купер повторно заедно на Филмскиот фестивал во Торонто

Лејди Гага и Бредли Купер повторно заедно на Филмскиот фестивал во Торонто

Лејди Гага и Бредли Купер продолжуваат со промотивната турнеја за нивниот заеднички филм „A Star Is Born“.

32-годишната пејачка и актерка и 43-годишниот актер и режисер пристигнаа рака за рака на Филмскиот фестивал во Торонто.

Облечена во црна креација од Армани, Лејди Гага привлекуваше внимание со екстравагантен додаток кој го носеше и како наметка и како превез.