Лејди Гага ги изненади фановите во Лас Вегас

Лејди Гага имаше специјално изненадување за фановите кои го гледаа вчерашниот настап од нејзиното редовно шоу Enigma во Лас Вегас.

 

На сцената се појави нејзиниот партнер од филмот „A Star is Born“ Бредли Купер и заедно го испеаа хитот од филмот – „Shallow“.

„Здраво Вегас“, рече Купер на огромно задоволство на присутните кои уживаа во изведбата во која Гага седеше и свиреше на клавир.

Лејди Гага е номинирана за Оскар за најдобра женска улога за филмот во режија на Купер.

Нивниот дует „Shalow“ е номиниран за Оскар за најдобра оригинална песна за филм.