Легендарниот Пау Гасол стана најдобар стрелец

Пау Гасол денеска испиша историја во својата кариера.

На натпреварот против Унгарија тој постигна 20 поени во победата на Шпанија од 87:64.

Со тоа тој постана најдобар стрелец во историјата на ЕвроБаскетот и го надмина досегашниот првак, Тони Паркер.

Паркер на врвот беше со 1.104 поени, а од денеска рекордот на Пау Гасол е 1.110 поени.

Шпанецот овој успех го направи на 55 одиграни натпревари со 20.4 поени просек по натпревар.