Ледецка го освои златниот медал во дисциплината супер велеслалом!

Ледецка го освои златниот медал во дисциплината супер велеслалом!

Чешката скијачка Естер Ледецка го направи најголемото изненадување во досегашниот тек на Олимпијадта во Пјонгченг, освојувајќи го златниот медал во дисциплината супер велеслалом.

Првата фаворитка Линдзи Вон направи грешка поради која мораше да се задоволи со шестото место, но Ледецка направи вистински шок откако Ане Веит веќе ја прославуваше победата на целната рамнина.

Победничката стартуваше како 26-та и кога веќе сите фаворитки ја завршија трката, но славјето на Веит и останатите беше нарушено со фуриозното возење на Ледецка која никогаш досега нема остварено победа во Светскиот куп во алпско скијање, а веќе освои олимписко злато. По пристигнувањето на целта, чешката скијачка долго не веруваше во резултатот кој го гледа.

Германката Веит мораше да се задоволи со среброто, додека Тина Вајратер од Лихтенштајн го освои бронзениот медал.