Леброн не можеше сам против Бостон

Леброн не можеше сам против Бостон

Бостон повторно го победи Кливленд во рамките на натпреварувањата во Источната конференција.

Со тоа Бостон води со 2:0 во меѓусебните средби.

Конечниот резултат овој пат беше 107:94. Ова беше деветта победа на Бостон на овие натпреварувања.

На средбата шест домашни кошаркари постигнаа повеќе од 10 поени, но на спротивната страна најистакнат беше Леброн Џејмс.

31-годишниот играч ја затвори играта со трипл-дабл, односно со 42 поени, 12 асистенции и 12 скокови.

Сега серијата на плејофот се сели во Кливленд.