Леброн Џејмс нов играч на Лејкерс!

Леброн Џејмс нов играч на Лејкерс!

Леброн Џејмс потпиша четиригодишна соработка со Л.А Лејкерс, објавија американските медиуми.

ЕСПН објави дека досегашниот член на Кливленд со новиот ангажман ќе заработи 154 милиони долари.

Со овој потпис се остварија прогнозите дека по неисполнетите очекувања во Кливленд минатите две сезони, Леброн ќе замине од клубот.